Бледската еКонференција привлекува говорници и делегати од бизнисот, владините институции, ИТ добавувачите, како и универзитетите, и е главно место за научниците кои работат во сите аспекти од "е". Конференцијата има широк примена и нуди:
- Истражувачки дел, посветен на истражувачи во сите аспекти на "e";
- Бизнис и владин панел кој привлекува голем број еминентни бизнис и владините лидери од Европа, Америка и во азиско - пацифичкиот регион;
- Бизнис, владини и академски собири нудат исклучителни можности да се размислува и да се споделуваат идеи со колеги од целиот свет.
Во рамките на 23-тата Бледска еКонференција, Факултетот за организациски науки на Универзитетот од Марибор, кој се наоѓа во Крањ, организираше Летна школа, во периодот 14-20 Јуни 2010 година.
Програмата на Летната школа опфати различни теми на иновативно деловно работење и управување, поддржано од модерните информатички и комуникациски технологии. Летната школа беше организирана со предавања комбинирани со практични вежби и искуства, со користење информациони и комуникациски технологии во компјутерска училница. Програма на Летната школа.
Летната школа и еКонференцијата беа одлични, со богата содржина и трансфер на знаење, интерактивни сесии, практични работилници и симулации, извонредни говорници и интензивно вмрежување. Ја препорачувам оваа конференција за сите оние кои сакаат да се надградат себе си како на професионално, така и на лично ниво.
Јас земав активно учество на летната школа и на конференцијата, заедно со моите колеги од е-бизнис магистерските студии. Ја следевме еднонеделната програма на летната школа, учествувавме во 6-тата ACEM (International Academic Electronic Marketplace Council) во соработка со 1st International eMarketplace Simulations и го презентиравме нашиот прототип на Professor René W. Wagenaar ePrototype Bazaar сесијата.
Организираните дружења се одлични, како и вмрежувањето за време на конференцијата, но исто така многу е лесно да се организира слободното време, бидејќи природата во Блед е извонредна, и многу блиску се Љубљана, Постојна, Бохин, Порторож (не толку блиску, но вреди секој километри пат, особено на сончевото време:))
Официјалните фотографии од Блед eКонференцијата и моите слики од конференцијата и летна школа, сертификат за присуство.
Следната 24-та Бледска еКонференција ќе биде на тема еИднина: Решенија за индивидуалци, претпријатија и општество и е закажан за 12-15 Јуни 2011 година. За повеќе информации во врска со повик за истражувања овде.
Нема коментари:
Објави коментар