недела, 14 ноември 2010 г.

21ва годишна ИИМА Конференција - "Создавање на нови можности - Улогата на информации за одржливи иновации"

21вата годишна ИИМА Конференцијата се одржа во Утрехт, Холандија ,17-20 октомври 2010 година.

Годишните конференции на Меѓународната асоцијација за информациски менаџмент (ИИМА - IIMA) ја промовираат динамичната размена на идеи меѓу водечките научници, професори, програмери и експерти, кои ги споделуваат своите истражувања и иновациите во образованието, бизнисот и владата. 21вата годишна конференција на ИИМА беше посветена на презентирање и испитување на прашања од информатичката технологија кои создаваат нови иновативни и одржливи можности во нашата моментална економска клима. Студентите на магистерски и докторски постдипломски студии беа поканети да аплицираат за Студентскиот конзорциум на конференцијата. Со апликацијата студентите требаа да достават истражувачки труд во кој ги опишува нивниот истражувачки пристап и резултати, и да учествуваат на работилница за дизајнирање на истражување. Дискусиите на работилница беа фокусирани на тригерите за истражување, истражувачките прашања, дизајн на артефакти и валидација.

Конференцијата беше извонредна, говорници беа фантастични, истражувачите и презентерите беа многу иновативни и практични, темите беа актуелни и практични, работилницата беше конкретна и практични, имаше одлично споделување на информации и трансфер на знаење преку студентскиот панел.

Јас и моите колеги од е-бизнис менаџмент постдипломските студии спроведовме истражување и подготвивме истражувачки труд на тема "Зголемување на довербата во владините е-услуги", која беше претставена на конференцијата, како дел од Студентскиот конзорциумот. Исто така земавме и активно учество во студентските задачи во текот на конференцијата и дискусиите на студентскиот панел.

Утрехт е неверојатно прекрасен и шармантен град. Организираната тура низ Утрехт - Trajectum lumen беше многу креативенa и незаборавна,. Силно препорачувам посета на Утрехт, по можност во пролет или лето:), исто така, многу блиску се Амстердам, Хаг кои вредат да се посетат.

Фотографии од конференцијата, Твитер профил, програмата на конференцијата, сертификат.

Нема коментари:

Објави коментар