недела, 14 ноември 2010

21ва годишна ИИМА Конференција - "Создавање на нови можности - Улогата на информации за одржливи иновации"

21вата годишна ИИМА Конференцијата се одржа во Утрехт, Холандија ,17-20 октомври 2010 година.

Годишните конференции на Меѓународната асоцијација за информациски менаџмент (ИИМА - IIMA) ја промовираат динамичната размена на идеи меѓу водечките научници, професори, програмери и експерти, кои ги споделуваат своите истражувања и иновациите во образованието, бизнисот и владата. 21вата годишна конференција на ИИМА беше посветена на презентирање и испитување на прашања од информатичката технологија кои создаваат нови иновативни и одржливи можности во нашата моментална економска клима. Студентите на магистерски и докторски постдипломски студии беа поканети да аплицираат за Студентскиот конзорциум на конференцијата. Со апликацијата студентите требаа да достават истражувачки труд во кој ги опишува нивниот истражувачки пристап и резултати, и да учествуваат на работилница за дизајнирање на истражување. Дискусиите на работилница беа фокусирани на тригерите за истражување, истражувачките прашања, дизајн на артефакти и валидација.

Конференцијата беше извонредна, говорници беа фантастични, истражувачите и презентерите беа многу иновативни и практични, темите беа актуелни и практични, работилницата беше конкретна и практични, имаше одлично споделување на информации и трансфер на знаење преку студентскиот панел.

Јас и моите колеги од е-бизнис менаџмент постдипломските студии спроведовме истражување и подготвивме истражувачки труд на тема "Зголемување на довербата во владините е-услуги", која беше претставена на конференцијата, како дел од Студентскиот конзорциумот. Исто така земавме и активно учество во студентските задачи во текот на конференцијата и дискусиите на студентскиот панел.

Утрехт е неверојатно прекрасен и шармантен град. Организираната тура низ Утрехт - Trajectum lumen беше многу креативенa и незаборавна,. Силно препорачувам посета на Утрехт, по можност во пролет или лето:), исто така, многу блиску се Амстердам, Хаг кои вредат да се посетат.

Фотографии од конференцијата, Твитер профил, програмата на конференцијата, сертификат.

23-та Бледска еКонференција "еДоверба: Импликации за индивидуалец, претпријатија и општество"

23-тата Бледска еКонференција на тема еДоверба: Импликации за поединецот, претпријатија и општество се одржа во Блед - Словенија, во периодот од 20-23 Јуни 2010 година. Програмата на конференцијата.

Бледската еКонференција привлекува говорници и делегати од бизнисот, владините институции, ИТ добавувачите, како и универзитетите, и е главно место за научниците кои работат во сите аспекти од "е". Конференцијата има широк примена и нуди:
  • Истражувачки дел, посветен на истражувачи во сите аспекти на "e";
  • Бизнис и владин панел кој привлекува голем број еминентни бизнис и владините лидери од Европа, Америка и во азиско - пацифичкиот регион;
  • Бизнис, владини и академски собири нудат исклучителни можности да се размислува и да се споделуваат идеи со колеги од целиот свет.

Во рамките на 23-тата Бледска еКонференција, Факултетот за организациски науки на Универзитетот од Марибор, кој се наоѓа во Крањ, организираше Летна школа, во периодот 14-20 Јуни 2010 година.

Програмата на Летната школа опфати различни теми на иновативно деловно работење и управување, поддржано од модерните информатички и комуникациски технологии. Летната школа беше организирана со предавања комбинирани со практични вежби и искуства, со користење информациони и комуникациски технологии во компјутерска училница. Програма на Летната школа.

Летната школа и еКонференцијата беа одлични, со богата содржина и трансфер на знаење, интерактивни сесии, практични работилници и симулации, извонредни говорници и интензивно вмрежување. Ја препорачувам оваа конференција за сите оние кои сакаат да се надградат себе си како на професионално, така и на лично ниво.

Јас земав активно учество на летната школа и на конференцијата, заедно со моите колеги од е-бизнис магистерските студии. Ја следевме еднонеделната програма на летната школа, учествувавме во 6-тата ACEM (International Academic Electronic Marketplace Council) во соработка со 1st International eMarketplace Simulations и го презентиравме нашиот прототип на Professor René W. Wagenaar ePrototype Bazaar сесијата.

Организираните дружења се одлични, како и вмрежувањето за време на конференцијата, но исто така многу е лесно да се организира слободното време, бидејќи природата во Блед е извонредна, и многу блиску се Љубљана, Постојна, Бохин, Порторож (не толку блиску, но вреди секој километри пат, особено на сончевото време:))

Официјалните фотографии од Блед eКонференцијата и моите слики од конференцијата и летна школа, сертификат за присуство.

Следната 24-та Бледска еКонференција ќе биде на тема еИднина: Решенија за индивидуалци, претпријатија и општество и е закажан за 12-15 Јуни 2011 година. За повеќе информации во врска со повик за истражувања овде.