Ефективно управување со услуги резултира со висок квалитет на услуги за клиентите и задоволството на клиентите. Услугите и управувањето со услуги се од суштинско значење за генерирање на приходи и ефективност на организациите. ИСО 20000 серијата на стандарди им овозможува на добавувачите на услуги да разберат како да го подобрат квалитетот на услугата која ја испорачуваат на нивните клиенти, како внатрешни така и надворешни.
ИСО 20000 серијата на стандарди може да се примени и за мали и за големи организации т.е. добавувачи на услуги, додека барањата на најдобрите пракси за процесите за управување со услуги процеси се независни од организациона форма на добавувачите на услуги.
Овие процеси за управување со услуги овозможуваат најдобра можна услуга за задоволување на деловните потреби на клиентите во рамките на договорените нивоа, односно услуга, која е професионална, исплатлива и со ризици кои можат да се разберат и кои може да се управуваат.
ИСО 20000-1
ISO 20000-1 ги дефинира барањата кои треба да ги исполнат добавувачите на услуги со цел да можат да испорачаат услуги со кои можат да управуваат. Исто така го промовира усвојувањето на интегриран процесен за ефективна испорака на услуги кои ќе успеат да ги исполнат барањата на бизнисот и очекувањата на клиентите. За организацијата да функционира ефикасно, треба да идентификува и управува со бројни меѓусебно поврзани активности. Со координирана интеграција и имплементација на процесите за управување со услуги се обезбедува постојана контрола, поголема ефикасност и можности за континуирано подобрување.
Ова е стандард според кој организациите можат да се сертифицираат.
ИСО 20000-2
ИСО 20000 – 2 дава насоки и советите на имплементаторите на ИСО 20000 – 1 и нуди помош за добавувачите на услуги при планирање на подобрувањето на нивните услугите или при ревизија на системот за управување со услуги според ИСО 20000 – 1.
Организациите т.е. добавувачите на услуги не можат да се сертифицираат според овој стандард. Овој стандард служи за да им помогне на организациите да се сертифицираат според ИСО 20000 – 1.
ИСО 20000-3
ИСО 20000-3 обезбедува насоки за дефинирање на опсегот, применливоста и демонстрација на согласноста на добавувачите на услуги со цел да се задоволат барањата на стандардот ИСО 20000-1, или за добавувачите на услуги кои се планираат подобрувања на своите услуги и кои имаат намера да го користат ИСО 20000 како бизнис цел. Исто така може да помогне на доавувачите на услуги кои се размислуваат за имплементација на Систем за управување со услуги според ИСО 20000-1 и кои имаат потреба од конкретен совет за тоа дали ИСО 20000-1 е применлив во нивните околности и како да го дефинира опсегот на нивните Системи за управување со услуги.
Добавувачите на услуги кои сакаат да имплементираат Систем за управување со услуги според ИСО 20000-1 мораат да го дефинираат опсегот на тој систем. Дефинирањето на опсегот и изјавата за опсег е комплексна фаза во процесот за дизајнирање на Систем за управување со услуги според ИСО 20000-1. ИСО 20000 – 3 обезбедува насоки и совети за апликабилноста на ИСО 20000 – 1 и опсегот на Систем за управување со услуги базиран на практични примери.
ИСО 20000 – 3 ги наполнува советите и насоките дадени во стандардот ИСО 20000 – 2 кој дава генерички насоки за имплементација на Систем за управување со услуги во согласност со ИСО 20000-1.
Организациите т.е. добавувачите на услуги не можат да се сертифицираат според овој стандард. Овој стандард служи за да им помогне на организациите да се сертифицираат според ИСО 20000 – 1.
петок, 27 ноември 2009 г.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар