Се прикажуваат објави со етикета Безбедност на информации. Прикажи ги сите објави
Се прикажуваат објави со етикета Безбедност на информации. Прикажи ги сите објави

недела, 14 ноември 2010 г.

21ва годишна ИИМА Конференција - "Создавање на нови можности - Улогата на информации за одржливи иновации"

21вата годишна ИИМА Конференцијата се одржа во Утрехт, Холандија ,17-20 октомври 2010 година.

Годишните конференции на Меѓународната асоцијација за информациски менаџмент (ИИМА - IIMA) ја промовираат динамичната размена на идеи меѓу водечките научници, професори, програмери и експерти, кои ги споделуваат своите истражувања и иновациите во образованието, бизнисот и владата. 21вата годишна конференција на ИИМА беше посветена на презентирање и испитување на прашања од информатичката технологија кои создаваат нови иновативни и одржливи можности во нашата моментална економска клима. Студентите на магистерски и докторски постдипломски студии беа поканети да аплицираат за Студентскиот конзорциум на конференцијата. Со апликацијата студентите требаа да достават истражувачки труд во кој ги опишува нивниот истражувачки пристап и резултати, и да учествуваат на работилница за дизајнирање на истражување. Дискусиите на работилница беа фокусирани на тригерите за истражување, истражувачките прашања, дизајн на артефакти и валидација.

Конференцијата беше извонредна, говорници беа фантастични, истражувачите и презентерите беа многу иновативни и практични, темите беа актуелни и практични, работилницата беше конкретна и практични, имаше одлично споделување на информации и трансфер на знаење преку студентскиот панел.

Јас и моите колеги од е-бизнис менаџмент постдипломските студии спроведовме истражување и подготвивме истражувачки труд на тема "Зголемување на довербата во владините е-услуги", која беше претставена на конференцијата, како дел од Студентскиот конзорциумот. Исто така земавме и активно учество во студентските задачи во текот на конференцијата и дискусиите на студентскиот панел.

Утрехт е неверојатно прекрасен и шармантен град. Организираната тура низ Утрехт - Trajectum lumen беше многу креативенa и незаборавна,. Силно препорачувам посета на Утрехт, по можност во пролет или лето:), исто така, многу блиску се Амстердам, Хаг кои вредат да се посетат.

Фотографии од конференцијата, Твитер профил, програмата на конференцијата, сертификат.

петок, 19 февруари 2010 г.

Безбедност на информации

Живеејќи во денешно време опкружени со модерната информатичка технологија, од која стануваме позависни секој ден, ни станува јасно колку е важна безбедноста на информациите. Аспектот на безбедност на информации е многу важен како за бизнис заедницата, така и за индивидуалците. Поради тоа се посветува се поголемо внимание на оваа тема, како во светот, така и во Македонија.
Што се подразбира под безбедност на информации и зошто е таа толку битна, ќе се обидам да ви објаснам преку неколку основни дефиниции и кратки презентации.

Што е информација?
“ИНФОРМАЦИЈА е средство на организацијата, кое како и сите други деловни средства, има вредност за организацијата и поради тоа е потребно да е соодветно заштитена”

Што е безбедност на информации?
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДОВЕРЛИВОСТ, ИНТЕГРИТЕТ И ДОСТАПНОСТ НА ПИШАНИТЕ, ИЗРЕЧЕНИТЕ И КОМПЈУТЕРСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ.
  • Доверливост - Обезбедување дека информациите се достапни само за оние кои се овластени да имаат пристап
  • Интегритет - Осигурување на точноста и комплетноста на информациите и методите за нивно процесирање
  • Достапност - Обезбедување дека овластените корисници ќе имаат пристап до информациите и сродните средства кога тоа е потребно

Постојат повеќе меѓународни стандарди и најдобри пракси во кои себе го имаат инкорпорирано аспектот на безбедност на информации. Од нив би ги издвоила:
  • ИСО 27001 Управување со безбедност на информации
  • ИСО 20000 Управување со ИТ услуги
  • ИТИЛ

Повеќе детали за типовите на информации, системи за безбедност на информации, најчести закани по информациите и слично во приложените презентации.

Концепт на информации и основни типови на информации


Најчести закани по безбедноста на информациите


Системи за безбедност на информации


Стандарди и препораки за безбедност на информации на интернет